Велосипедистите на тимот на ВК Енерџи, со стартот од траектот на пристаништето во Лопар, заокружија уште една исклучителна и сериозна етапа на островот Раб.

Стрмни искачувања и тесни козји патеки со корења, карпи и камени предели преку долги и технички спустови дадоа можност за натпреварувачите да му пркосат на теренот кој од пустина до џунгла ги искушуваше нивните можности и велосипеди.

Со време од 3Ч54 минути Љубиша Кондев и Дуња Иванова, без момент за здивнување дури ни на контролните точки за напиток и храна, и покрај направена грешка на патеката и извозени дополнителни 3 километри, успеа да го задржи пласманот во засега генералното бодување.

   

Заморот кај сите натпреварувачи веќе е видлив особено во однос на перформансите кои ги покажуваат. За утре се најавува најтешката и најдолгата патека, наречена уште и ‘’Queen stage’’ на островот Црес каде бродовите на кои престојуваат натпреварувачите веќе се закотвени на пристаништето Мераг.

4 Острови не е само трка, искушение е за телото но и за умот. Издржливоста сепак, ќе пресуди кој ќе успее да ја заокружи целата приказна.