Димитар Јованоски (ВК Енерџи) и Борис Стефановски (ВК Кроссајклинг), ја имаа привилегијата да бидат дел од десетдневниот камп на УЕЦ во рамките на на Европското МТБ првенство во Нови Сад, Србија. Заедно со претставниците јуниори од различни европски репрезентации, тие проследија низа на теориски предавања, практични тренинзи посветени на совладување на разни вештини, планирање и подготовка за трка како и насоки за подобрување на тренингот и перформансите.

Кампот беше спроведен од World Тraining Center кој е дел од Светската велосипедска асоцијација УЦИ, а меѓу предавачите и тренери се вброија имињата на Џек Хамфрис и Марк Тарагона.

***

На 14ти Август, стартот во 12 часот, ја најави најмасовната трка на годинешното Европско МТБ првенство. 90 натпреварувачи во јуниорската категорија, ја извозеа атрактивната патека на Петроварадинската тврдина со исклучителна енергија, полет, умешност и сила.

Претставниците на Велосипедската федерација на Македонија, Димитар Јованоски (ВК Енерџи) останувајќи во ист круг со победникот – украинецот Олександр Худума се пласираше на 44то место во вкупниот пласман, Александар Милошевски (ВК Вело М) успешно ја заврши трката на 76то, додека Борис Стефановски (ВК Кроссајклинг) на 83то место.

 

Меѓу сите нив доминираше спортскиот дух, мотивот да се стигне до врвот и младешка енергија која ветува иднина на пиедесталот.