Во регионот Лаконија, североисточен Пелопонез, Дуња Иванова и Димитар Јованоски – претставници на ВК Енерџи, го скршија мразот како први учесници од РС Македонија на двете престижни трки во Карјес блиску до Спарта во Р.Грција.

Во категоријата јуниори, Димитар Јованоски на првата трка означена како UCI C1 и покрај пад на патеката храбро и борбено успеа да досегне до сребрениот медал. Како реванш, и во уште понеповолни временски услови, со убделива предност од повеќе од две минути пред Alexandros Karusos, Јованоски со пркос и залужено триумфираше до златен медал.

                                              

Дуња Иванова, во категоријата елите и конкуренција со велосиспедистки како Giorgia Marchet (team Rudy project), Naama Noyman (teamisgav Specialized) и други, успешно ја заокружи 5тата односно 4тата позиција на трките означени како C1 односно C2 со вкупно освоени 32 поени. Со тоа, Иванова во моментот е на 154 место на светската ранг листа на UCI.

                                                

На исклучително предизвикувачка патека и немилосрдни временски услови со дожд, но во друштво со велосипедсити од различни краеви на светот, ВК Енерџи како тим покажа сериозност, сила, издржливост, подготвеност и поддршка.