Со масивен старт на 99 тимови, градчето Башка на островот Крк запиша уште едно исклучително издание на етапата бр.1 која несомнено не е за нерешителните или неподготвени возачи.

Почетните неколку километри зборуваа за немилосрдноста на патеката која не попусто е оценета како 9 од 10 според техничките барања поставени пред велосипедистите. Без ниту едно место за здивнување, тимот на ВК Енерџи успешно исполни 71 километар за време од 4Ч37минути. Љубиша Кондев и Дуња Иванова ги совладаа долгите и стрмни искачувања на лизгава и сува подлога на која се распространети шилести камења и карпи без ниту една видлива линија и френетичните спустови низ последователни дропови и тесни каменести патеки, па се до рамни и долги предели кои дефинитивно не се местото за одмор затоа што тимовите токму тука ја добиваат најголемата предност. Сепак, сонцето како благодет за сила, беше единствениот фактор кој ја олеснуваше бруталната прва етапа од предизвикот наречен 4 Острови.

             

Видливи беа трагите од патеката кај сите возачи, меѓу кои, иако противници кои се борат за подобра позиција владее навистина позитивна и охрабрувачка атмосфера. По влегувањето во целта, само неколку минути за одмор по што следуваше подготовката на велоиспедите за веќе нов предизвик, а бродот со целата логистика за учесниците веќе се пресели на пристаништето Лопар, на островот Раб. Вечерта е резерирана за одмор и рехабилитирање, а стартот закажан за утре точно во 11 часот. Се најавува уште една “лута” етапа.