Дуња Иванова, претставник на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје триумфираше на ридската  друмска трка ,,Успон на Орјен” која вчера се одржа во Херцег Нови како дел од официјалниот календар на велосипедската федерација на Црна Гора.

        

По дефилето на 50-тина учесници од Игало до Мељине, натпреварувачите ги одмерија силите на 16 километарско искачување со вкупна елевација од 1060 метри.

       

Дуња Иванова, како победник во женска категорија во генералниот пласман возеше во конкуренција со најтрофејната црногорска спортистка Јелена Томашевиќ, како и со Жана Павиќевиќ, Александра Тот и др.

Фото: Даница Шакотиќ / Вук Илиќ