24 часовните трки значат интензитет и замор. Постои научна заднина зад натпреварите кои се карактеризираат како трки на издржливост. Да се одберат вистинските нутритивни производи, да се остане хидриран и да се пребродат искушителните искачувања се најважните предизвици со кои ќе се соочите.

Chris Hall е експерт кога се во прашање трките на издржливост и далечина. Toj и самиот за себе поставува уникатни предизвици додека е на велосипедот. Оттаму, споделува неколку совети за максимизација на перформансите за време на една долга трка.

  1. ,,Скршете” ја далечината

За време на трка на долги стази или хронометар натпревар, имајте ја далечината во вашата глава. Трката на 50 или 100 милји, трка која трае 12 или 24 часа, е повеќе ментална отколку физичка битка. На пример, во мојата глава за време на такви натпревари, замислувам дека на секои 20 минути треба нешто да изедам, а за време на еден час да испијам цело шише напиток.

  1. Храната е се’

Важно е да се комбинира слатко со кисело, нешто едноставно и мало што се конзумира брзо. На секои 4 часа сепак, мојата стратегија беше да јадам нешто луто кое дава поддршка на телото за наредните неколку часа.

  1. Обезбедете ја најдобрата поддршка

Опкружете се со фантастичен тим. Ова е веројатно најважниот сегмент. Тренер, нутриционист…Потребни ви се луѓе кои ќе го одржат вашиот дух на задоволително високо ниво и кои сепак размислуваат за сите потребни нешта во ваша полза. Тоа се луѓе кои умеат да ,,прочитаат” дали имате лош ден или си наметнувате болка и ризикувате да направите поголема штета.

  1. Тренирајте паметно

Звучи едноставно, но за да имате напредок за време на трката возењето на непотребни дистанци нема да ви помогне. Морате да обрнете внимание на спринтовите, нападите, долги и силни индивидуални влогови и сл. Употребувајте соодветен мерач за силата и срцевата фреквенција за да имате увид во прогресот и реакциите на телото врз чија база ќе направите структуиран план за тренингот.

  1. Одмор

Кратките оддишки за време на денот се добар начин да обезбедите одмор за телото. Можете да добиете голем бенефит од 15-20 минутна дремка. Го ресетирате системот и добивате зголемени моторни перформанси и подготвеност. Бидете сигурни дека пред 24 часовен натпревар ќе си обезбедите квалитетен сон и неколку одмори во текот на деновите пред настанот.

  1. Чист велосипед е среќен велосипед

Грижете се за вашиот велосипед и тој ќе се грижи за вас. Чист и добро одржуван, тоа е среќен велосипед. Ќе покаже поголема ефикасност и има помалку шанси за било каков механички проблем за време на трката.

  1. Ти си сепак само човек

Запаметете дека вие сте сепак само човек и не можете да освоите се’. И прифатливо е да имате лош ден или да не се чувствувате добро. Искористете го вашиот тим за поддршка и кога се чувствувате лошо.

  1. Најпосле, забавувајте се!

Ние избираме да бидеме дел од овие луди, прекрасни трки. Уживајте во предизвикот и искуството. Така ќе создадете спомени за целиот ваш живот.

 

***

 

12то издание на Shimano 24 Hours Cycling

На 21ви и 22ри август 2021 година, со веќе исполнета и распродадена квота, се најавува одржувањето на екстензивната 24 часовна велосипедска друмска трка во Le Mans.

Веќе се регистрирани 560 тимови, а листата на чекање е достапна на официјалната веб страна.

Оваа трка е отворена за формации на тимови од 2, 4, 6 или 8 возачи, па дури и за индивидуалци како најпредизвикувачката опција. Организаторот ветува совршени услови за сите натпреварувачи имајќи ја во предвид и состојбата со пандемијата и мерките за заштита.

Зошто да учествувате?

*Кругот ,,Le Mans”- светски прочуена патека, позната по организација на најголемите трки на издржливост во светот;

*Возење ,,околу часовникот” – чувство на магијата на ноќна трка на издржливост;

*Неверојатна реална авантура – повеќе од 4000 велосипедисти од повеќе од 20 различни земји од светот;

*Поддршка од SHIMANO – бесплатна поддршка и наем на тркала за 24 часа во денот;

*Безбедност при возењето – видео надзор и интегрално ноќно осветлување на патеката…

 

Извор: www.redbull.com