Што е тоа FTP, или кој коефициент значи добар FTP, како се тестира и подобрува…Прашања кои циркулираат во круговите помеѓу вљубениците во велосипедизмот и одговори кои се фундаментот во креирањето на тренинг програмите на професионалците и нивните тренери.

Функционалниот праг е максималната просечна моќност која еден велосипедист може да ја поднесе во времетраење од 60 минути. Тоа се најважните бројки во овој спорт и со нив започнува се’! Всушност, ова е доста сериозна тест вежба која може да биде исполнета од страна на исклучително подготвени спортисти. Како компромис сепак, овој тест може да се изведе и со 20 минутен интервал.

Зошто FTP е толку важен податок?

Врз основа на добиените резултати од ваквото тестирање можат да се постават соодветни тренинг зони и планови, да се работи на одредени специфики и енергетски системи и полесно да се постигнат предвидените цели.

Колку долго еден велосипедист може да издржи во зоната на својата FTP вредност?

Добро подготвен спортист може да помине дури 2 часа во зоната на неговата FTP вредност. Или барем два последователни интервали од на пример 20 минути.

Што ви кажува податокот дека нечија FTP вредност е 250 w?

Не многу. Тука е поважно прашањето која е тежината на велосипедистот. Затоа што ако за возачот бр.1 FTP изнесува 250 w со тежина од 63кг тогаш неговата вредност е 3.96 watts/kilo, додека за возачот бр.2 FTP изнесува 290w со тежина од 85кг вредноста е 3.41 watts/kilo.

Како се тестира FTP?

За добивање на прецизни податоци овој тест е најсоодветен во т.н.лабораториски услови како 20 или 30 минутен тест. Но, зошто ви е потребен овој податок? Од причина што е исклучително важно да ги поставите зоните за тренинг и да го контролирате вашиот прогрес.

Како да го зголемите FTP?

За да ја зголемите вредноста на максималната просечна моќност потребно е да поминувате време во таа зона, односно во нејзините  93% до 105% . Соодветно на FTP и максималниот функционален праг на издржливост на срцевата фреквенција (FTHR) се тестира на истиот начин, а во својство на постигнување на соодветен тренинг план, контрола и напредок.

Извор:www.cyklopedia.cc

*EnergiLab на ВК Енерџи е местото каде се спроведуваат вакви тестирања со цел за одредување на способностите на спортистите во насока на креирање соодветни тренинг програми.