Во прегратките на Јадранот, 4 Острови е настанот кој дава елан дека светот повторно ќе заживее по нормалните текови.

Едноставноста на совршената организација видлива уште од првите мигови на административни процедури кои во услови на посебно строг протокол го бои амблемот на свестки елитен настан.

Привилегијата ја има ВК Енерџи, со маунтинбајк тимот на Љубиша Кондев и Дуња Иванова, да ја вброи Република Северна Македонија на листата на државите учеснички на овој уникатен настан.

И колку и да плени природата со сета нејзина магија, мирот кој во овој дел од годината и особено во време на пандемија е поприсутен од што воопшто е потребен, она за што тука се зборува, она кон што сите мисли и погледи се вперени се патеките на петте етапи на кои безмилосно сите тимови се борат со сопствените и конкурентските можности.

Како вовед во приказната на 4 Острови и како можност да се почувствува мирисот на она што следува, денешниот Пролог за тимот на Енерџи беше успешен и мотивирачки вовед. Експлозивен и исклучително сериозен старт на камена плажа на која велосипедот буквално се бори да обезбеди патека, преку нагли и посебно стрмни и карпести  искачувања, па се’ до технички спустови и скокови на прoменлив и сув терен, патеката од 12 километри за обезбедување на стартна позиција веќе утре ја заокружија со време од 44 минути.

Следува етапата на островот Крк со должина од 71 км која тимот на ВК Енерџи ќе ја дели со умешноста на Јарослав Кулхави, Албан Лаката и со целиот тим од Р.Чешка, тимот на Булс од Р.Германија, Тања Жакељ, Катерина Дрхова и уште многу други претставници на светскиот елитен маунтинбајк.