Нека не ве залажува убавината, 40 километри за финиш на приказната која за прв пат македонски тим за ја заокружува низ суровите предели на Хрватска.

Стартот од стариот град на Лошињ на отворено сонце најави борба со последни сили кај сите тимови. Иако навидум должината и елевацијата зборуваа за порелаксирано темпо, искачувањата до Свети Иван и подоцна до Балванида ги натераа дури и претставниците на машките тимови да ги туркаат велосипедите до врвот. Во шумските козји патеки нагли свртувања, неочекувани препреки и променлив терен кој од возачите бараше исклучителен фокус и брза реакција. Многумина и покрај силата која ја покажаа изминативе денви се ‘’сопнаа’’ токму на тие куси но експлозивни технички делови. Спустовите како и во претходните етапи низ камени и карпести предели овој пат зачинети со долги реки од искршени камења и бескрајни скалила повторно предизвикаа бројни дефекти и застои на патеката.

Љубиша Кондев и Дуња Иванова, тимот на ВК Енерџи со време од 2Ч49минути со исклучителна динамика и покрај дефект-дупната гума со брза санација успешно ја извозеа и последната етапа од предизвикот наречен 4 Острови. Со тоа заокружија вкупно 16Ч46 минути и се искачија на деветото место во генералниот пласман во истата категорија со исклучителни возачи како Тања Жакељ и Урбан Ференчак (Unior Sinter), Јосеф Хладик и Катарина Дрхова (Ceska sporitelna), Џани Симчиќ и Миа Радотиќ (Giant), Томас Каталениќ и Кристина Лукачевиќ (Rog Joma&Continental)…

4 Острови не е трка за секого. Она што гласно се шепоти помеѓу натпреварувачите е неопходната физичка подготовка, сила, храброст и умешност на сите нивоа, но и силна ментална цврстина која ќе ве донесе до финишот.

ВК Енерџи успеа.