Во организација на Велосипедскиот Клуб Енерџи од Скопје и Велосипедската Федерација на Северна Македонија на 28.03.2021 со почеток во 15 часот ќе се одржи првиот натпревар за ранг листата во планински велосипедизам за 2021 година. Важно е да се напомене дека со цел почитување на мерките потребно е сите клубови да ги пријават своите натпреварувачи најдоцна до Петок 26.03.2021 година на secretary@cfm.org.mk .

Пријавување на стартот нема да има, а листите со стартно време ќе бидат претходно изготвени и објавени.

 

Организатор: Технички организатор, Велосипедски Клуб ”Енерџи” од Скопје и Велосипедска Федерација на Македонија

UpHill “Чистилиште” 2021

Место: Улица Караорман, над црквата СВ. Јован Крстител
Датум: 28.03.2021
Старт: Стартот за ќе биде во 15ч
Категории: Елите, Мастерс, Јуниори, Жени, Кадети, У13
Патека: Должина на патеката е 2,4км. Сите категории стартуваат во 15ч. по следниов редослед:

– Елите   

– Мастерс     

– Јуниори     

– Жени         

– Кадети        

– У13

Пријавување: Од 15.03 до 26.03.2021 до 12ч на електронската адреса на Велосипедската федерација secretary@cfm.org.mk

Нема да има пријавувење на лице место, секој клуб до сабота ќе ја добие стартната листа кој во колку часот ке стартува.

Поради протоколот Хоби категорија нема да има.

Награди: Организаторот обезбедува медали за првопласираните.
Напомена: Секој натпреварувач вози на сопствена одговорност.Трката се вози по правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија. Организаторот има право на измени на патеката и бројот на круговите  во зависност од временските услови на патеката.

Почитувајте го протоколот што го испрати Велосипедската федерација до сите клубови.