Резултати од одржаниот натпревар во планински велосипедизам во организација на ВК Енерџи од Скопје и Велосипедската федерација на Македонија. Од пријавени 57 натпреварувачи, натпреварот го стартуваа и завршија 47. Велосипедскиот клуб Енерџи оствари одличен пласман со второт место на Горан Кузмановски во категорија Елит, првото место на Димитар Јованоски во категорија Јуниори, првото место на Дуња Иванова во категорија Жени како и второто место на Љубиша Кондев во категорија Мастерс.

Резултати АПХИЛ ВОДНО 28.03.2021