Под водство на клубскиот тренер на ВК Енерџи Скопје Љубиша Кондев, а со подршка на Град Скопје реализирана е првата едукативна работилница за вовед во велосипедизмот, создавање на здрави спортско-рекреативни навики kaj младите на возраст од 11 до 18 години. Првата работилница се одржа на памп патеката кај олимпискиот базен во Скопје. Следниот викенд се продолжува со вторта работилница која е во план да се реализира во парк шумата Гази Баба.