Реализирана е и втората работилница од програмата за негување на здрави животни навики ВЕЛО ПЛАН 2019. Истата се одржа во парк шумата Гази Баба каде учесниците се запознаа со основите на планинскиот велосипедизам, возењето по нерамен терен и природа како и со предизвиците што произлегуваат кога се спортува и рекреира во такви услови.