Рутата за 2021та година на фамозниот ,,Giro D’Italia”  ќе биде претставена на 4ти Февруари, а Торино се очекува да биде домаќин на годинешното ,,il Grande Partenza”. Трката започнува со хронометар на 8ми Мај по што патеката се насочува кон југот и кон Puglia, а потоа и кон северо-исток преку Touscan кон искачувањето Zoncolan. Последната недела велосипедистите ќе ја преминат Италија кон Piedmont за да се справат со Colle di Fauniera  пред последниот хронометар во центарот на Милано.

Организаторите RCS Sport требаше да го откријат Торино како град домаќин на ,,Giro D’Italia”  минатиот  вторник, кога планираа да ги именуваат и двете последни екипи со вајлд-карти за оваа трка. Сепак, таа објава беше откажана во последен момент официјално од технички причини. Извештаите во Италија сугерираат дека RCS Sport, заедно со другите организатори на Grand Tour се обидуваат да ги убедат UCI да ги прошират своите стартни списоци со 23 тимови наместо вообичаените 22. Ова ќе им овозможи на Италија, Франција и Шпанија да најдат дополнително место за еден од нивните ProTeams.

На 19-те тимови на WorldTour им се гарантира место во сите GrandTour, со автоматски поканетиот и најдобриот ProTeam за 2020та година, Alpecicn-Fenix, оставајќи по четири ProTeams во секоја земја кои се борат за последните места. Gazprom и Arkea- Samsic се подготвуваат да возат на ,,Giro D’Italia”  2021 во конкуренција со четирите  италијански ProTeams: Eolo-Kometa, Androni Giocattoli, Bardiani-SCF и Vini Zabù-Brado.

Image credit: Bettini Photo

Image credit: Bettini Photo

 

Мешавина од планински искачувања и хронометар

Според бројните извештаи во италијански медиуми, 104-то издание на ,,Giro D’Italia”  ќе започне со хронометар во Торино, давајќи му можност на светскиот шампион во хронометар, Filippo Ganna да ја освои почетната фаза и да ја повлече првата ,,maglia rosa” како што го стори тоа во Палермо. Вториот хронометар се планира кон средината на трката и тоа на патеките помеѓу Folignio и Perugia во центарот на Umbria, со краток хронометар за крај во ист манир како во 2020та година.

Најновото изднаие на ,,Giro D’Italia”  ќе се одржи од 8ми до 30ти мај оваа година.

извор: www.cyclingnews.com