8 денови и 655 километри. 15550 метри вертикално искачување со предизвикувачки планински двојни и карпести козји патеки. Песочни премини помеѓу фарми и насади, но и френетични спустови низ планиниските масиви. Тоа е ликот на легендарната ,,Absa Cape Epic” 2021 која гордо ја претставува Land Rover како официјален спонзор и службен партнер за возилата и рутите.

Дива и нескротлива, можеби најпрестижната маунтинбајк етапна трка воопшто, како круна над круните, репер за умешност, издржливост и сила – предизвик за секој добро подготвен маунтинбајкер.

Од исконските падини на Table Mountain National Park до луксузот на Val de Vie Estate, трасата за седумнаесеттото издание на ,,Absa Cape Epic” 2021 ќе ги предизвика сите возачи и ќе ги награди оние кои ќе покажат партнерство, технички вештини, физичка и ментална цврстина. Само вистински достојните ќе ги видат нивните имиња врежани во ,,Книгата на легендите”.

Организаторите најавија дека рутата од минатата година, како најдобра до сега, ќе се преслика и на годинешното издание, притоа изразувајќи благодарност на повеќе од стотина сопственици на земјишта како и на градовите-домаќини кои веќе ја потврдија поддршката на ,,Absa Cape Epic”  за 2021та година.

Од веќе познати причини поврзани со пандемијата и овој настан е одложен за наесен, a регистрираните натпреварувачи се известени да го планираат своето учество од 17ти до 24ти Октомври, 2021та.

***

,,Absa Cape Epic” е традиционална трка која се одржува секоја година на патеките во Јужна Африка. Акредитирана е од UCI како категорија ,,hors” или HC – што посочува – надвор од секаква категоризација или синоним за најсериозно ниво на тежина кога станува збор за трките во МТБ. Пролог плус шест етапи се предизвик за елитните професионални планински велосипедисти од целиот свет кои се натпреваруваат во тимови од по двајца. За да се квалификуваат на целта, тимовите треба да останат заедно за време на траењето на трката, односно да не ја надминат временската разлика од две минути на целта и контролните точки. Трката е отворена и за велосипедисти-аматери, кои учествуваат на лотарија како единствена шанса за добивање на можност за регистрација на ,,Absa Cape Epic”. На стартната линија се вкупно 650 тимови, а времето потребно за завршување на секоја фаза од трката се калкулира како збир кој го одредува победничкиот тим на крајот од трката.

Оваа епска трка беше опишана од Bart Jan-Baptist Marie Brentjens освојувач на златен медал на Олимпијадата во 1996та година, како „Тур де Франс за маунтинбајкери“.

 

Извор: www.cape-epic.com