Од Букурешт до Брисел, од Лисабон до Лион, Ковид 19 беше тригер за огромна инвестиција во велосипедизмот низ Европа.

Повеќе од 1 билион евра се потрошени за изградба на вело инфраструктура и 2300 километри нови велоиспедски патеки откако почна пандемијата.

,,Возењето велосипед сега е голема победа”, изјави Jill Warren од Европската велосипедска федерација. ,,Ова време ни покажа дека нашите градови и животи мора да се променат заради потенцијалот кој го носи возењето велосипеди”.

Милано ја менува насоката

,,Се обидовме и претходно да направиме дополнителни вело патеки, но возачите на автомобили постојано протестираа. Ни требаше Корона вирус за да се промени ова”, вели Pierfrancesco Maran – мајорот за просторно планирање на Милано. Многумина од луѓето кои до скоро користеа јавен транспорт, сега тоа го заменија со велосипед. Пред пандемијата во Милано имало околу 1000 велоиспедисти на улиците, а сега тој број е 7000.

Но, овој пораст на побарувачката на велосипеди создаде притисок за бизнисите поврзани со продажба и производство на ова превозно средство. 92 годишниот изработувач на велосипеди Pepino Drali раскажува како кон средината на мај долги колони од луѓе чекале стрпливо пред неговата работилница. ,,Стана навистина комплицирано да се создаваат и поправаат велосипеди, Корона вирусот направи да немаме повеќе делови на располагање”.

Сепак, жителите на овој град во Италија, се согласуваат дека овој период исполнет со искушенија е сепак и шанса која се случува еднаш на неколку генерации, а дава надеж градовите да се редизајнираат за да бидат погодни за велосипедистите.

Во обид да ги подготви граѓаните, регионалната влада на Италија потроши 115 милиони евра да го стимулира возењето велосипед. Исто така, беа доделени и субвенции од по 500 евра на оние кои сакаа да купат велосипед или електричен тротинет, во обид да ги одврати граѓаните од користење на автомобили или јавен превоз.

Париз го покажува патот

Повеќе од 800 нови километри зборуваат за големата трансформација на главниот град на Франција, со 20 милионска инвестиција од стартот на пандемијата.

Главниот мајор на овој град, David Belliard, ќе изјави дека тоа е вистинска револуција. ,,Најголемата промена на исклучително фреквентниот Rue de Rivoli кој се протега од истокот кон западот на Париз, сега во одредени делови е ослободен од автомобили. Колку повеќе простор им обезбедувате на велосипедистите, толку тие тој простор повеќе ќе го користат”.

Нивото на возење на велосипед во Париз се зголемило за 27% споредено со минатата година. Ова, делумно се должи и на помошта од француската влада која во износ од 50 евра за секој граѓанин овозможува поправка на велосипедите. ,,Сега е како рај за мене, ова навистина станува многу популарно” – вели Remy Dunoyer, сервисер за велосипеди во Париз.

Неговата продавница остана отворена за време на локдаунот, и додека другите бизниси беа во очај неговиот доживеа експанзија. ,,Ние моравме да вработиме повеќе луѓе за да излеземе во пресрет на граѓаните”.

Владата на Франција во обид да воспостави велосипедска култура понуди и бесплатни часови за возење велосипед. ,,150 возрасни годишно учат да возат велосипед а таа бројка оваа година се дуплираше”- раскажува Joel Sick подучувач во Maison du Velo, мобилно училиште покрај реката Сена.

Тешка битка во Брисел

Со идеја да се ослободи простор за да можат да се почитуваат правилата за социјална дистанца, во Брисел се изградија нови 40 километри на велосипедски патеки и тоа во оние делови со најфреквентни улици. Сега таму постојат зони каде што велосипедистите и пешаците имаат приоритет пред автомобилите. Ограничувањето на брзината исто така беше одново актуелизирана низ целиот град.

Во април минатата година, регионалниот министер за транспорт Elke Van den Brandt напиша отворено писмо до неговите граѓани во кое апелираше да не се користи јавниот превоз. ,,Преполнети автобуси во пикот на денот не се она што го посакуваме”. Користењето на автомобили за него исто така не беше соодветно решение. Така велосипедот се покажа како достоен избор. 44% се зголеми неговата употреба минатата година.

Таа нова состојба ги предизвика продавачите на велосипеди и велосипедска опрема. ,,Посакував да си купам велосипед со соодветна кацига, но во продавниците нема повеќе велосипеди. Сакав дури и да нарачам, но чекањето е навистина долго”, објаснува Vasselina Foteva од Брисел.

Но дали оваа промена ќе трае?

Многу градови се подготвуваат за неизвесна иднина, несигурни дали воопшто ќе се врати стариот начин на живот. ,,Пандемијата го смени начинот на размислување и состојбата на умот многу брзо”, вели Jill Warren од Европската велосипедска федерација.

Возењето на велосипед се покажува како решение за се’ повеќе луѓе. Но, прашањето е дали тие ќе се задржат на овие нови навики. ,,Потребна е политичка волја, инвестиција, активизам од страна на населението”, продолжува Warren. Таа верува дека е неопходна храброст од страна на политичарите за да успеат да ги задржат овие промени.

Извор: www.bbc.com