Бистри мисли од ,,точкаџиите“ од секој крај на Земјата. Нивните зборови поттикнуваат велосипедот да стане сечиј избор…

 

☻,,За мене не е важно дали врне дожд или грее сонце. Се’ додека возам велосипед, јас знам дека сум најсреќниот човек на светот.“ – Mark Cavendish, pro racer

 

☻,,Споредено со се’ останато, велосипедот сторил најмногу за еманципација на жената во светот.” – Susan B. Anthony, women’s rights activist

 

☻,,Возењето велосипед е значаен дел од иднината. Мора нешто да не е во ред со општеството во кое луѓето возат автомобили за подоцна да вежбаат во теретана.” – Bill Nye, scientist

 

☻,,Велосипедот е чудно возило. Неговиот патник е и негов погон.” – John Howard, cyclist

 

☻,,Најдоброто возење е тоа кога гризеш повеќе отколку што можеш да џвакаш и успеваш да преживееш низ сето тоа.” – Doug Bradbury, MTB pioneer

 

☻,,Велосипедистите очигледно е дека ги гледаат убавините на светот повеќе од другите класи на луѓе. Добар велосипед, добро подготвен, ќе ги излечи сите болести кои човечкото тело ги наследува.” – Dr.K.K.Doty-19th Century New Yorker and cycling evangelist

 

☻,,Вози многу или малку, долго или кратко. Но, вози.” – Eddy Merckx, pro racer

 

☻,,Велосипедот е најцивилизираната конвенција помеѓу луѓето. Другите форми на транспорт се развиваат секојдневно, но тие се како кошмар. Само велосипедот ја задржува својата чистина во сржта.” – Iris Murdoch, author

 

☻,,Научи да возиш велосипед. Нема да зажалиш додека си жив.” – Mark Twain, author

 

☻,,Паѓањето е дел од возењето велосипед исто како што плачењето е дел од љубовта.” – Johan Museeuw, cyclist

 

☻,,Гледај на велосипедите како уметност која може да го спаси светот.” – Grant Petersen, bicycle designer

 

☻,,Кога духот е уморен, а денот мрачен, кога работата станува монотона, а надежта се чини неупотреблива, само подготви го велосипедот и разврти без да мислиш на ништо друго.” – Arthur Conan Doyle, author

 

☻,,Животот е како возење велосипед. За да го задржиш балансот, мораш да продолжиш да се движиш.” – Albert Einsten

Извор: www.bikeradar.com