Овој 17ти август во Граубинден, Швајцарија, повеќе од 300 тимови ќе застанат на стартната линија за почеток на престижната етапна трка ,,Swiss Epic”. Меѓу нив и дел од светската маунтинбајк елита како и еклектична група на велосипедисти-аматери. Пристигнувајќи од најодалечените краеви на светот тие се насочуваат кон Алпите со цел да совладаат искушителни искачувања, адреналински спустови и технички козји патеки, но и да ги надминат личните рекорди во обидот ,,Swiss Epic” да стане дел од нивната листа на исполнети предизвици. Дел од натпреварувачите се легендите на ,,Swiss Epic”, други се натпреваруваат во хуманитарни цели, додека трети со единствена мисија-да ја совладаат оваа уникатна авантура.

Во продолжение неколку приказни….

Benjamin Blanlot Mucke и неговиот брат ќе настапат како Blan&Lot, а доаѓаат од Чиле, или од државата која е на 12000 километри одалечена од Швајцарија. ,,Ние сме Чилеанци, браќа. Доаѓаме од југот на Земјата за да исполниме еден наш сон.

Mike Nixon од Јужна Африка за прв пат бил дел од панданот трка  ,,Absa Cape Epic” во 2004та и оттогаш комплетирал 16 нејзини изданија со што го заслужил местото меѓу ,,одликуваните лавови”. Оваа година за прв пат неговото искуство го насочува надвор од Африка, но тој не е единствениот маунтинбајкер кој ја ,,освоил” бруталната африканска авантура. Neil Ratcliffe и Sean Johnston се велосипедисти кои исто така ја комплетирале ‘епската’ трка во Африка како и ,,The Pioneer” во Нов Зеланд. ,,Откако не успеавме да ја завршиме Swiss Epic во 2018та, тргнавме во освојување на  Absa Cape Epic и The Pioneer во 2019та. Се надеваме дека ќе го победиме предизвикот во Граубинден и ќе станеме ’епски легенди’.”

За Niel Louwrens овој натпревар е уште една можност да се живее животот до максимум. ,,86400 е името на нашиот тим. Овој број ги претставува секундите во еден ден. Не можете да ги зачувате, па затоа искористете ги. Искористете ги добро.

Hector Douglas Burger натпреварувач во годинешното издание на ,,Swiss Epic” вели: ,,Минатата година се борев со рак, оваа година ќе се борам со Swiss Epic во Граубинден и ќе ги инспирирам сите преживеани борци од оваа болест да го поттурнат сопствениот лимит .”

Caterina Capadevila Barredo и Laxmi Magar се инспиративни жени од Непал и Барселона. ,,Се сретнавме на етапна трка во Шри Ланка во 2014та и веднаш се поврзавме преку нашата страст за планински велосипедизам. Останавме во комуникација со цел да се мотивираме меѓусебно и да помогнеме на што поголем број на девојки да го изберат велосипедот како дел од нивниот живот. Laxami е исклучително успешна како маутинбајкер во Непал и можноста да се натпреварува во Европа за неа претставува навистина голем предизвик.

Уште една жена која инспирира е Roma Puisiene од Литванија, која во 2018та победи на маратонот на Антартикот. И таа е во исчекување на ново искуство и предизвик за уживање во Граубинден.

Capdevila Barredo, Magar, Puisiene и Brett Burton ќе возат за да поттикнат влијание за подобрување на квалитетот на животот на девојките и жените. Тие основаа фонд ,,A girl called Hope” наменет за жените бегалци во Нов Зеланд кој ќе обезбеди реални алтернативи за оние кои бараат помош и поддршка за нивното ментално и физичко здравје.

,,Swiss Epic” 2021 ќе орбитира помеѓу 17-21 август како пет-етапна маунтинбајк трка која опфаќа патеки со вкупна должина од 350 километри и 12000 метри елевација. Центарот на светот тие денови несомено ќе биде Граубинден, Швајцарија.

 

Извор: www.swiss-epic.com