Tour de France 2021

Неповолните ветрови не ја вознемирија идејата за ,,Тур де Франс” – 2021ва. Нејзините ,,играчи“ секогаш се подготвени да понудат модус. И овој пат со радост, го докажуваат тоа.

Бретања чекори напред, предводена од Генералниот Совет и поддршката на Брест, носена од импулсот на властите и на локалните заедници

Богатството кое ден за ден ќе го понудат Finistère, Côtes-d’Armor, Morbihan и Ille-et-Vilaine, вклучително и искачувањето на Mûr-de-Bretagne ќе создадат уникатен моментум.

photo:Pauline Ballet

2021 Tour de France: Looping the Loop

Рутата за ,,Тур де Франс” – 2021ва, чија реализација е закажана за 26 јуни-18 јули, беше презентирана на неколку француски телевизии, а ќе се одвива преку четири етапи низ патиштата на Бретања кои се предизвик за спринтерите, но и за оние наклонетите кон ридските искачувања. Оваа рута е добро ,,наштимана” за да ја одржи неизвесноста кај натпреварувачите, но и кај публиката, се’ до самиот крај. Оние, чија силна страна се искачувањата ќе имаат три можности да заштедат време за тензичниот финиш – Tignes, Saint-Lary-Soulan Col du Portet и Luz Ardiden, но велосипедистите исто така ќе треба да ги искористат и своите капацитети на спустовите за да го добијат Le Grand Bornand, или ,,на нога” да го пребродат Ventoux. Како бонус на ова издание се и две индивидуални хронометар трки со комбинирана должина од 58 километри кои ќе бидат пресуден фактор за стратегиите на натпреварувачите и нивните тимови.

photo:Pauline Ballet

108то издание на ,,Тур де Франс” ќе биде двојна добивка со двојна неволја. Претендентите за целокупната победа ќе мораат да бидат во состојба на готовност, посебно на двојните искачувања до Mur de Bretagne за чиј исход ќе се чека финишот на втората етапа. Десет дена подоцна, тие ќе треба уште еднаш да ја презентираат својата сила на падините на Mоnt Ventoux и на Giant of Provence каде се случува двоен настап оваа година се до спуштањето на Malaucène. И меѓу сите овие се и останатите предизвици од Брест до Фужер надополнети со крајбрежните ветрови и острите ридови на Армориканскиот Масив.

photo:Pauline Ballet

Индивидуалниот хронометар натпревар во текот на првата недела на годинешниот ,,Тур де Франс” ќе го обезбеди редоследот за стартот на трката по што Пиринеите ќе ги разбијат сите дотогаш постоечки дилеми за капацитетите на велосипедските тимови. Тие ќе треба да ја ,,грабнат” секоја секунда ако сакаат да се оддалечат од најсилните возачи низ лозјата на Saint-Émilion  и во пресрет на целта на Champs-Élysées.

,,Судбината” на жолтиот дрес најверојатно ќе се решава во југозападна Франција, а борбата за зелениот дрес на територијата на целата земја. Седум етапи ќе ги засегнат спринтерите кои несомнено ќе бидат држени на ,,кус поводник” како најекспонирана стратегија на елитните тимови.

 

Извор: www.letour.fr